И Пендаровски и Димитров на конференцијата „Балкански дијалози“ во Берлин

Претседателот на Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во Берлин ќе учествуваат на конференцијата „Балкански дијалози“. Пендаровски ќе се обрати на пленарната сесија на тема „Проширување на ЕУ – неисполнето ветување – што сега?“, а Димитров ќе говори на сесијата посветена на „Зајакнување на европската перспектива на Западниот Балкан“.

Собирот го организираат Минхенската безбедносна конференција, EAST WEST Институтот и Белградскиот фонд за политичка извонредност (BFPE), и на него се очекува да стане збор за неотворањето на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, иако двете земји ги исполнија задачите што им беа зададени од Брисел, за францускиот предлог за промена на методологијата за пристапување и за потребата од враќање на европската перспектива за земјите од Западен Балкан.

На собирот ќе се разговара и за дијалогот Белград – Приштина и за други актуелни прашања во регионот, а меѓу говорниците се најавени и специјалниот преставник на САД за Балканот, Метју Палмер, српската премиерка Ана Брнабиќ, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбесност Кетрин Ештон, претседателот на Минхенската безбедносна конференција Волфган Ишингер и рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан-Харченко.

За време на престојот во Берлин, Димитров, како што соопшти МНР, освен учеството на конференцијата, предвидено е да има средби со претставници од германското МНР и од Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе