И покрај сите предупредувања

И ова го дочекавме, знак за забрането капење на една од плажите на Охридското Езеро (ФОТО)

На негрижата, самоволието, незнаењето, волунтаризмот и глупоста во раководењето на општината Охрид им нема крај. И покрај сите предупредувања, препораки од УНЕСКО и дадени рокови за почетокот на спроведувањето на неопходните мерки, од вчера на една од плажите на Охридското Езеро беше поставен знакот за забрането капење. Отпадните води директно се влеваат во водите од езерото.

 

„Ова е лудо. 21 година сум тука, ама вакво нешто досега не сум видел. Ова досега никогаш не се случило. Ало фотелјаши, вие што се грижевте, што кажувате дека ќе нѐ биде дали сте нормални? До кога ќе го уништувате и она малку убаво што остана во Република Македонија? Криминалци едни неспособни! Се работи за здравјето на луѓето, за уништување на природа, за уништување на туризмот“, вели во изјавата за МКД.мк универзитетскиот професор Самоил Малчевски, кои ни ги испрати овие фотографии.

Се работи за забрана за пливање на брегот на Охридското Езеро на потегот од Самоиловата тврдина, на плажите кон Партизан, Младост.  Станува збор за населбата Воска, тоа е првата населба од тврдината кон Струга. На старата градска плажа, сега плажа Мизо, на кој потег летуваат 200-300 странски туристи, поставени се знаците за забрането пливање. Во одморалиштето Партизан моментално летуваат околу 100 деца.

Официјални инфомации за ова сѐ уште нема. Она од што го зборуваат мештаните дознаваме дека колекторот не бил во функција, паотпадните води, фекалиите директно се влевале во езерото. Забраната била поставена од Центарот за јавно здравје од каде одговорните лица по првите анализи на водата веднаш наредиле поставување на овие предупредувачки знаци.

А.Д.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе