По последните случувања во Турција и Грција

И од МВР и од МО велат дека се подготвени да одговорат на евентуалната нова бегалска криза

По последните информации дека Турција ја отвори границата за бегалците од Сирија и дека веќе имало судири со бегалците на турско-грчката граница, од македонските министерства за одбрана и за внатрешни работи велат дека тие се подготвени да се соочат со предизвиците на евентуална нова бегалска криза.

Од Министерството за одбрана на прашањето на МКД.мк одговорија дека државата има воспоставен систем за справување со бегалски кризи кој е подготвен и функционален да одговори на евентуалните предизвици со кои би се соочиле како транзитна земја.

„Собранието на Република Северна Македонија во декември 2019 ја продолжи кризната состојба на јужната граница, и согласно оваа одлука Министеството за одбрана, односно Армијата дава поддршка со свои способности на МВР како надлежни за обезбедувањето на државната граница.  Владата ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација со партнерите од НАТО и ЕУ. Министерката за одбрана ќе биде во координација и со колегите во регионот во врска со ова прашање.  Министерството за одбрана и Армијата се во непосредна и континуирана координација со останатите надлежни институции за ова прашање“, се вели во одговорот на МО.

И од полицијата велат дека на двете наши граници, јужната и северната, будно се следат состојбите од припадниците на граничната полиција во соработка со припадниците на армијата и со полиции на други држави поради состојбите на северот на Сирија и последните случувања во Турција и можната опасност од нов бран бегалци од Сирија.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера изјави дека „сме многу подобро подготвени и материјално – технички и кадровски за попречување на влез на нов бран емигранти“.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе