Основен суд Скопје 1

И обвинението за „Трезор“ влегува во суд, Мијалков, Грујевски, Јакимовски и Сајковиќ на обвинителна клупа

Случајот „Трезор" на Специјалното јавно обвинителство влегува во судски процес. Советот за оценка на обвинитениот акт при Основниот суд Скопје 1- Скопје го одобрил обвинението за овој случај. Во овој случај обвинети се Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Небојша Сајковиќ за проневера на државни пари за набавка на софтвер од странство за потребите на Петтата управа во МВР.

Мијалков, поранешниот директор на УБК, Грујевски, поранешниот началник на Петтата управа, Јакимовски, поранешен шеф во кабинетот на Мијалков и Сајковиќ, екс помошник министер во МВР член на Управен одбор на Телеком се осомничени за набавка на опрема за прислушување во Лондон, 2010 година.Набавката не одела преку МВР, туку преку компанијата „Финзи“.

Според СЈО „Финзи“ во договор со УБК и МВР увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена. „Финзи“ е компанија во сопственост на фирма од САД, додека фирмата од САД е поседувана од фирма во Кипар. Прв директор на оваа фирма е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, а последен беше Коста Крпач, сведокот на СЈО кој се самоуби. 

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе