Крај на протестот или само пауза?

И натаму неизвесно - полицијата во исчекување на нови наредби

Ситуацијата и натаму е тензична откако протестот за Монструм ескалираше со напад врз полицијата во два наврата, по што специјалната полиција, поддржана со оклопни возила тргна во потиснување на демонстрантите. Сега состојбата е неизвесна - дел од демонстрантите се разотидоа, но воинствениот дел се наоѓа кај Битпазар каде беше потиснат. Полицијата стои 50-тина метри од нив, во исчекување на нови наредби. 

Во меѓувреме две лица од организацијата на протестот пријдоа кон полицискиот кордон и очигледно се обидоа да направат некаков договор за надминување на тензиите.

За време на судирите со полицијата очигледно беше дека има повредени и меѓу полицијата и меѓу демонстрантите.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе