Брза реакција

И МО по 6 месеци дозна дека „Пуцко петрол“ нема право да врши набавка на мазут и го раскина договорот

„Пуцко петрол“ нема право да врши набавка на мазут, одговори Регулаторната комисија за енергетика на барањето на Министерството за одбрана писмено да одговори дали компанијата има право да врши трговија со мазут. Министерството за одбрана информира дека договорот со „Пуцко петрол“ ќе биде раскинат. Ќе има ли одговорност?

По барање на МКД.мк, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одговори дека „Пуцко петрол“ нема лиценца за вршење трговија со мазут. Истиот одговор го доби денеска и Министерството за одбрана (МО). Ова барање МО го испрати откако беше објавен написот во МКД.мк.

Неразбирливо е како тоа не го виделе надлежните служби во Министерството за одбрана кои го распишале и спровеле тендерот за набавка на мазут од јуни годинава. На тендерот се јавиле само две компании, „Макпетрол“ и „Пуцко петрол“, а победи компанијата од Пласница со најниска понудена цена. Ама без лиценца.

Важечката лиценца на „Пуцко петрол“ - нема мазут

Денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска се обиде да го релативизира проблемот со непрецизни лиценци издадени од РКЕ.

„Ова укажа и на еден покрупен проблем за кој вчера дискутиравме и на седница на Влада. А тоа е дека РКЕ лицентите кои ги издава имаат ист наслов и гласат „на сите нафтени деривати“. Кога ќе прочитате во лиценцата вид и обем, исто така се наведени сите деривати и практично ова се документи кои многу институции ги доведуваат во заблуда дека одредена фирма може да работи со одреден дериват, иако тоа не е така. Побаравме во измените на Законот за енергетика практично РКЕ да има обврска, многу јасно и гласно во насловот на документот што го издава да каже за кои продукти одредена фирма има дозвола. Фирмите практично го кршат законот ако воошто нудат нешто што немаат право да го спроведуваат и очигледно е дека многу работи биле оставени во сива зона, за да може некој во позадина тоа да го злоупотребува. Должност на институциите е да даваат точна и јасна информација, а не да создаваат сиви зони во кои е можна корупција, злоупотреба и незаконско постапување“, рече Шекеринска.

Лиценца и за мазут

МКД.мк вчера објави лиценца на компанија која има право да тргува со мазут и тоа е јасно наведено во насловот на документот. Ова значи дека во регистарот на РКЕ има компании што имаат лиценци за трговија со мазут, а има и лиценци во кои нема мазут.

Oдлука на РКЕ во која јасно се наведува со што може „Пуцко петрол“ да тргува

Уште еден момент. Во одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од јули годинава, прецизно се назначува со каква дејност може да се бави „Пуцко петрол“. Во тој документ се вели дека „Пуцко петрол“ од село Ижиште, Македонски Брод, може да врши трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт- екстралесно масло за домаќинства (ЕЛ-1), еуродизел БС, еуросупер БС 98 и еуросупер БС 95.

Мазут и тука нема. И овој документ службите во МО не го виделе.

А.Д.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе