Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, соопшти дека на санкциите се придружиле земјите-кандидати Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина.
Лукашенко, кој владее со Белорусија скоро 26 години, се соочува со речиси секојдневни протести за негова оставка по изборите од 9 август, кои опозицијата ги смета за наместени, а Западот одби да ги признае. Неколку демонстранти беа убиени во бруталното задушување на протестите, откако власта прогласи убедлива победа на Лукашенко на изборите.
ЕУ воведе забрана за визи и замрзнување средства за Лукашенко и повеќе од 50 високи функционери поради нивното учество во задушувањето на протестите. Поради тоа што репресијата не прекина, Борел вчера соопшти дека министрите за надворешни работи на земјите-членки се согласиле санкциите да вклучат и „институции, бизнисмени и фирми“.