Истражување

И Македонците и Албанците се согласни проблемот со името да се решава на референдум

Мнозинството граѓани на Република Македонија се против промена на името, и како услов за членство во НАТО или пак како услов привремената референца БЈРМ да биде само за меѓународна употреба, а за домашна уставното име. Ова е дел од истражувањето на јавното мислење на Брима, кое по барање на МКД.мк беше спроведено од 27 ноември до 1 декември.

Ова истражување покажува дека граѓаните на Македонија и понатаму се против какви било условувања во однос на промена на името и генерално против промена на уставното име. Она што е интересно дека во одговорите на сите поставени прашања до репрезентативниот примерок на граѓани на Македонија, разликата според националната припадност е голема меѓу Македонците и Албанците, освен за прашањето за неопходноста за организирање референдум за едно вакво прашање.

На прашањето „Дали се согласувате или не се согласувате со промена на името Република Македонија како услов за членство во НАТО“, 35 отсто од испитаниците рекоа дека би се согласиле, а 49 отсто се против. Освен овие 49 %, повеќе од 10 отсто се против зачленување во НАТО без разлика на условите. Тоа значи дека повеќе од 59 отсто од граѓаните се против промена на името како услов за членство во НАТО.

Разликата во етничката припадност на испитаниците тука е евидентна: 81,4 отсто од испитаниците Албанци би се согласиле на таков услов (15,6 од Македонците одговориле позитивно), а 67,1 од испитаниците Македонци одговориле дека не прифаќаат такво условување (7,2 отсто од Албанците се согласуваат со овој став на Македонците).

Против зачленување во НАТО се 12,9 отсто од Македонците, а 1,5 отсто од Албанците.

Граѓаните на Македонија не се баш сигурни во однос на тоа „дали се согласувате или не се согласувате со тоа решението за проблемот за името да се донесе во Собранието и во другите државни органи?“     

На ова прашање 43,6 отсто од испитаниците одговориле дека се согласуваат со тоа Собранието и другите државни органи да го решат проблемот со името, а со овој став не се согласни 46,7 %. Според националноста, 77,2 отсто од Албанците се согласни со ова, а 61,3 отсто од Македонците не би дозволиле Собранието од нивно име да го решаваат проблемот за името.

Во однос на референдумот, мнозинството и Македонци и Албанци се согласни дека проблемот со името треба да се реши преку изјаснување на народот. За референдум се 60,4 отсто од испитаниците, а против се 18,4%. Тука висок е процентот и на оние што се против референдум за каква било промена на името - 14,2 отсто.

Според националноста - за референдум се 64,1 отсто од Албанците и 58,9 % од Македонците. Според ставот за промена на името, очигледно е дека Албанците се за референдум на кој би го потврдиле својот став за промена на името како услов за влегување во НАТО. А Македонците се за референдум на кој би го потврдиле својот став против промена на името.

Резултатите од ова истражување се добиени во рамките на редовниот Омнибус на Брима, македонски член на Вин Галуп интернешнел (WIN-Gallup International) и член на групацијата ТНС (една од најголемите групации за истражување на јавното мислење и пазарот во светот).

Примерокот на истражувањето е национално репрезентативен (според полот, возраста, националната припадност и местото на живеење во сите 8 региони во РМ) за популацијата на возраст од 15+ години. Маргиналната грешка изнесува +/- 2.82% со ниво на доверба од 95%. Анкетата е спроведена со примена на ТАПИ метод (Tablet Assisted Personal Interview).

Објавено

Понеделник, Декември 25, 2017 - 12:00

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе