И Грција ќе има специјален претставник за Западен Балкан – амбасадорката Софиа Грамата

Министерството за надворешни работи на Грција, по одлука на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, одреди специјален претставник за Западен Балкан.

Како што јавува МИА од Атина, од грчкото МНР соопштиле дека Дендиас, „кој во изминатите седмици беше во Тирана, Скопје, Сараево, Белград, Подгорица и Приштина одлучи да назначи специјален пратеник на Министерството за Западен Балкан”.

Амбасадорката на Грција во Букурешт, Софиа Грамата ќе биде специјалната претставничка на грчкото МНР за Западен Балкан, а паралелно ќе ги извршува и актуелните должности.

„Грција придава примарно значење во консолидацијата на мирот, безбедноста и стабилноста во поширокиот регион на Западен Балкан. Во овој контекст, промовира консолидација на билатералните односи врз основа на почитување на меѓународното право, меѓународното право на морето и активно ја поддржува нивната европска перспектива“, соопшти грчкото МНР.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе