И европските лидери се подготвуваат за договорот за името, Меркел информирана за напредокот

Во очекување на денешниот телефонски разговор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, на кој ќе се знае дефинитивно дали има договор, грчкиот амбасадор во Брисел, според извори на МКД.мк утринава информирал свои колеги дека договор ќе се постигне денес, а деновиве ќе се потпише.  

Неофицијално, дипломатски извори информираат дека на премиерот Заев вчера му се јавила и германската канцеларка Ангела Меркел, која подоцна разговарал и со францускиот претседател Емануел Макрон, наводно да го убедува да не ја блокира Македонија за датум за преговори со ЕУ, доколку има договор. Од Владата не добивме потврда за разговорот на Заев со Меркел.

Заев, пак, денеска рече дека се надева на договор по вчерашниот разговор со Ципрас, со кого, како што кажа, имале „навистина квалитетно унапредување на разговорите“. 

„Се надевам дека денеска ќе можеме нешто убаво да ѝ соопштиме на јавноста. Реков дека сум оптимист и дека возможно да се постигне договор, но денеска имаме уште еден суштествен разговор, за мене многу важен. Се надевам дека ќе ги заокружиме сите аспекти за да го исполниме очекувањето на двете страни“, изјави Заев.

 

 

 

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе