И Египќаните бараат влез во Уставот

Во нацрт амандманот за промена на Преамбулата на Уставот да се внеси и заедницата на Египќаните, односно да стои дел од „египќанскиот народ“. Oва пишува во барањето упатено до македонската Влада, а потпишано од проф. д-р Рубин Земон, универзитетски професор и поранешен пратеник, здружението на Египќаните во Македонија-Пирамида ЗЕМ, Арбен Демироски- претседател, здружение на Балканските  Египќани во Република Македонија, Аднан Ашимоски, претседател и Асоцијација за интеграција на Египќаните „Птах 2013“ Струга, Тони Бичак, претседател.

Барањето е испратено и до претседателот на Републиката, Собранието и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Имајќи ја во предвид мултикултурната и мултиетничката реалност на Република Северна Македонија, уставните загарантирани норми со амандманите IV, VI, VII, IX, XI и XVII од Уставот на Република Македонија, Египќаните се повикуваат и на меѓународните документи, кои Македонија ги потпишала а некои и ги ратификувала.

„Потсетувајќи дека заедницата на Египќаните во Република Северна Македонија, е автохтона на Балканскиот полуостров, со свој артикулиран идентитет и самосвест, со значајни трагови во материјалното и духовното културно наследство, како и тоа дека припадниците на оваа заедница почнувајќи од Илинденското востание (Египаќанецот, Ковачот Мустафа од с. Лактиње ги изработил обрачите за црешовите топчиња), преку Вториот Илинден (голем број на Египќани учествувале во НОБ, а некои и ги дале своите животи), па преку Третиот Илинден (сите припадници на Египаќаните масовно учествуваа на референдумот за независност и самостојност во 1991 година), го дале својот конструктивен придонес кон развојот на нашата држава. Исто така, тогашниот пратеникот Рубин Земон, припадник на заедницата на Египќаните во 2019 година гласаше за уставните измени, како и во 2020 година за влез на Република  Северна Македонија во НАТО алијансата“, пишува во барањето.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе