Уште една контрола

И ДКСК ќе го проверува имотот на специјалните обвинители

 Анкетните листови на обвинителите на Специјалното јавно обвинителство се проверуваат во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Главниот фокус на антикорупционерите е дали високите бонуси како надоместок на плата и додаток за доверливост одреден од специјалната обвинителка Катица Јанева биле наведени во анкетните листови.

Во анкетните листови на обвинителите графата „други приливи“ е празна, изјави Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК. 
Казната за ваквото однесување можеби е незначителна, но срамот е голем, рече Ивановска за ТВ Телма.
Според законот, државните функционери имаат законска обврска да пријават секаква промена на својата имотна состоба и по престанок на вработувањето. Со анкетниот лист се опфаќа недвижен имот, подвижен имот, хартии од вредност и удели, побарувања, долгови, банкарски депозити, друг имот и други приходи, графа што се однесува на хонорари што се надвор од редовната плата. 
Преку апликацијата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии јавноста дозна дека обвинителите во СЈО земале бонуси за доверливост за податоците што ги слушнале во т.н. „бомби“ од прислушуваните разговори. За четири години постоење на СКО обвинителката Катица Јанева сама си потпишала додатоци во висина од 157.000 евра. И другите обвинители добиле меѓу 70 и 107 илјади евра како додаток.
И од Јавното обвинителство најавија дека ќе се провери дали овие додатоци биле делени според законот. За трошењето на јавни пари податоците не треба да бидат доверливи. Државниот обвинител Љубомир Јовески изјави дека ќе ги истражат сите околности за да утврдат дали има елементи на кривично дело.
„Првичните согледувања укажуваат дека по ист основ, два пати се земало плата и ако видите апсурдите до каде се донесени во делот на трошењето на државните пари, еве на пример еден секретар има повеќе плата од претседателот на државата. Дали тоа е оправдано, дали е тоа логично, да процениме. Но, со ова не ја прејудицирам постапката што обвинителството ја води за овој настан“, рече Јовески.
Проблематично е тоа што тие се делени без правилник и дека обвинителката Јанева малку ги делела од ракав. Со тоа претпоставувам тоа правело и раздор таму или при добивала поблиски соработници“, рече Калајџиев одговарајќи на новинарско прашање на одбележувањето на 25 годишнината од Хелсиншкиот комитет.
 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе