Нови податоци за скандалот

Димитријевиќ бил во притвор во Осиек по потерницата од Ерменија, Милошоски вели дека Османи и Спасовски знаеле

Бранислав Димитриевиќ бил еден од најблиските соработници во проектите на Левон Саркисјан, братот на поранешниот претседател на Ерменија, без кого не поминувал ниту еден поголем тендер, и кој исто така е во бегство. Во меѓувреме во МНР удираат по самарот (ветинг на двајца вработени од понизок ранг), додека триото „шверцери на луѓе од Ерменија" ужива заштита на некои високи државни функционери“, напиша денеска на својот фејсбук-профил пратеникот Антонијо Милошоски.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не ја говорат вистината кога тврдат дека за „Ерменската афера” прв пат слушнале во август оваа година, кога Србија извести дека го уапсила дипломатот Миле Миленкоски, кој со логистика од Македонија шверцувал обвинети од Ереван до Виена, вели Милошоски.

Тој објави документ од македонската амбасада во Загреб со кој го поткрепува тврдењето дека за овој скандал се знаело, а се молчело.

„Документот од април оваа година од Загреб, кој известува за екстрадицискиот притвор на македонскиот државјанин Бранислав Димитриевиќ во Осиек, баран преку Интерпол, е само уште еден доказ дека раководството на МВР, АНБ и МНР, за ерменската афера дознало многу порано, но молчеле.

Бранислав Димитријевиќ

Инаку Бранислав Димитриевиќ бил еден од најблиските соработници во проектите на Левон Саркисјан, братот на поранешниот претседател на Ерменија, без кого не поминувал ниту еден поголем тендер, и кој исто така е во бегство. Во меѓувреме во МНР удираат по самарот (ветинг на двајца вработени од понизок ранг), додека триото „шверцери на луѓе од Ерменија” сѐ уште уживаат заштита на некои високи државни функционери“, вели Милошоски.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе