И денеска штрајк на железничарите, ја чекаат октомвриската плата

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава втор ден е во целосен прекин, откако машинскиот и извршниот персонал од вчера во 7 часот ја бојкотираат работата, барајќи исплата на вториот дел од платата за октомври.

Душко Чакаровски, претседател на синдикатот на машинскиот персонал, изјави за МИА дека бојкотот ќе трае сè до исполнување на поставеното барање. Досега, како што вели, не ги контактирал никој и немаат најава кога би се реализирала исплатата.

Ова е втор прекин на работата во Жеелзницата месецов. На 1 ноември  имаше бојкот, исто така, поради неисплатен втор дел од платата за септември. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе