И денеска полициски час во државата

На целата територија на државата и денеска е во сила забраната за движење, што почна вчера во 11 часот и ќе трае до утре во 5 часот, а со цел спречување на ширење и справување со пандемијата на ковид-19.

Одлуката за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните викендот и денеска, Владата ја донесе на 56-тата седница по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Граѓаните кои имаат миленичиња и денеска ќе можат да ги изнесуваат надвор од 8 до 08:30 часот, потоа попладне од 15 до 15:30 часот, како и навечер од 20 до 20:30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита. Јавниот превоз во Скопје нема да функционира до утре во 5 часот.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, во државава се регистрирани нови 37 случаи со ковид-19, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега, достигна 1.978, бројот на починати е 113, оздравени пациенти се 1.422, а има и 443 активни случаи.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе