Прашан дали ќе излезат од Владата доколку таа го прифати францускиот предлог Димитриевски одговори потврдно. „Кратко речено „да“. Затоа го охрабрувам премиерот утре или кога ќе оди во Брисел да каже „не“ за овој предлог. Доколку каже „да“ и доколу рамката помине и ја одржиме првата конференција со сликање, Демократскиот сојуз ќе ја напушти Владата“, рече Димитриевски.
Тој вели дека како коалициски партнер немале никакви детали за предлогот, кој смета дека е најлош, освен во делот на јазикот.
И лидерот на ЛДП, Горан Милевски најави дека ќе поднесе неотповиклива оставка од функцијата министер за локална самоуправа доколку биде прифатен францускиот предлог. Попладнево и ДОМ го соопшти истото. Трите партии, ДС, ЛДП и ДОМ, се коалициски партнери во владеачката коалиција меѓу СДСМ и ДУИ.