По вчерашната собраниска седница

И да сака, нема рок до кога Иванов ќе треба да го потпише указот за Законот за јазиците

Во член 75 од Уставот се вели дека во Македонија законите се прогласуваат со указ. Указот може да го потпишат претседателот на државата и претседателот на Собранието. Ако Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.

Во истиот член од Уставот пишува дека претседателот е должен да го потпише указот, само доколку законот е донесен со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ова, во случајот со Законот за употреба на јазиците не е случај затоа што овој санон е донесен со 64 гласа „за“, а не се двотретинско мнозинство.

Законот се смета за донесен само тогаш кога претседателот на Републиката ќе го потпише указот за негово прогласување.

И сега бројни се толкувањата за тоа што во една ваква ситуација. Веќе се заговара дека претседателот на Собранието може да го потпише указот на местото на Иванов. Според член 82 од Уставот функцијата претседател на државата ја врши претседателот на Собранието, само во случај на смрт, оставка, трајна спреченост или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката.

Претседателот Иванов веќе рече дека нема да потпише ваков закон затоа што е неуставен.

„Кога го вратив Законот за употреба на јазиците, детално и правно ја образложив мојата одлука. Побарав од вас внимателно да ги разгледате моите забелешки и очекував да постапите одговорно, совесно и како што налага Деловникот на Собранието. Внимателно го следев вашето делување во собраниските комисии и на пленарните седници. Начинот на кој по втор пат го изгласавте овој закон претставува институционално насилие и удар врз демократијата. Се надевам дека сте свесни за преседанот што го правите и за последиците и штетите по правото и правната држава, што во иднина можат да произлезат од овој преседан. Не само што го злоупотребивте европското знаме на овој закон, туку ги прекршивте и сите правни процедури, постапки и рокови во начинот на неговото носење“, се обрати вчера и до пратениците претседателот Иванов.

За претседателот на Собранието Талат Џафери нема дилеми дека Иванов треба да го потпише указот.

Следни чекори би можеле да бидат тужби пред Управниот суд за утврдување надлежност и повреда на управна постапка и барање за автоматско објавување на Законот за употреба на јазиците во „Службен весник со цел да започне и официјално да се применува.

Можни се и претставки до Уставниот суд на Република Македонија. 

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе