Според грчките медиуми

И Ципрас во Берлин на средба со Меркел за името

Прашањето за името на Македонија ќе биде на дневниот ред на средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка Ангела Меркел што ќе се одржи денеска во Брисел во рамките на неформалната средба на 27-те земји членки на ЕУ, објави грчкото издание „Зунгла“.

Според весникот, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев Меркел изразила став дека „ситуацијата во Македонија е смирена во голем степен и дека земјата е навлезена во фаза на стабилизација. Се одбележува и дека по разговорот со Заев, германската канцеларка добила впечаток дека неговата Влада ја сели „амбициозната реформска програма“ и дека „полага напори за да ја реализира“.

Прашањето со името било една од темите и на телефонскиот разговор Ципрас - Меркел, што се случи еден ден пред посетата на премиерот Заев на Берлин и средбата со германската канцеларка, потвдија од кабинетот на Ципрас.

Грчката телевизија Скај, повикувајќи се на свои извори, објави дека „Ципрас на Меркел ѝ ја потенцирал потребата за конечно решение во спорот, со промена на уставното име на соседната земја“. Според истите извори, грчкиот премиер и германската канцеларка се договориле да се сретнат во петок во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.

Канцеларката Меркел по средбата со Заев во Берлин излезе со став дека спорот меѓу Македонија и Грција за името e досега најблиску до решение, треба да биде затворен, но оти каков било притисок нема да влијае позитивно врз процесот. Напомена дека и двете страни се однесуваат одговорно во обновените преговори и оти и Грција и Македонија знаат што можат да дадат за да се постигне компромис и побара диксреција во процесот.

- Компромисите се секогаш болни, но и неопходни. Тоа е дипломатска уметност и за тоа не треба да се зборува на прес-конференции, туку зад затворени врати. Верувам дека јавните изјави повеќе може да му наштетат, отколку да му користат на процесот, додаде германската канцеларка.

Премиерот Заев од своја страна посочи дека македонската Влада е решена да ги решава проблемите со соседите и да развива регионална соработка. 

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе