СОФИЈА

И бугарската влада го одобри договорот за добрососедство со Македонија

И кабинетот на Бојко Борисов го одобри договорот за добрососедство за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

„Потпишувањето на договорот за добрососедство е израз на желбата на Република Бугарија да изгради добрососедски односи засновани на европските вредности. По потпишувањето, резултатите од овој договор ќе бидат соработката во билатерален и мултилатерален план, проширувањето на транспортните врски и комуникации, учество и употреба на средства по регионални инфраструктурни и транс-гранични проекти, како и олеснување на контактите меѓу граѓаните на двете земји“, соопшти бугарската Влада.

Денеска и македонската Влда соопшти дека вчера го одобри нацртот на договорот и дека во 15 часот премиерот Зоран Заев ќе го објави договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија.

Бугарската Влада го одобри и Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Република Бугарија и Министерството за транспорт и врски на Република Македонија за развој на железничките врски меѓу Софија и Скопје. Бугарската страна презема обврска да се комплетира железничката врска меѓу Софија - Перник - Радомир - македонска граница до 2027 година, а Македонија се обврза да изгради железница од Крива Паланка - Деве Баир до бугарска граница до крајот на 2025 година.

На владината седница во Софија беше одлучено дека Бугарија и Македонија ќе соработуваат во областа на природниот гас. Во согласност со своите државни енергетски политики и заедничката енергетска политика на ЕУ и Енергетската заедница, Бугарија и Македонија ќе соработуваат за да го испитаат можностите за развој на нова директна врска меѓу гасните системи на двете земји. Ова е предвидено во проектот на Меморандумот за разбирање за соработка во областа на природниот гас меѓу Министерството за енергетика на Република Бугарија и Министерството за економија на Република Македонија, одобрен од страна на бугарската Влада.

БГНЕС

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе