Поткуп, Тенк и Триста пред судска завршница

И актуелниот и поранешниот премиер чекаат пресуда

Во Основниот суд Скопје 1 привршуваат судските постапки за случаите во кои им се суди на сегашниот премиер, Зоран Заев, како и на поранешниот премиер, Никола Груевски.

И двете судски постапки се пред завршница во Кривичниот суд. За случајот „Поткуп" во кој на Заев му се суди за барање поткуп судот ја закажа пресудата за в понеделник точно на пладне. Поранешниот премиер Груевски утре е на суд за случајот со набавката на луксузниот мерцедес за што предвидени се завршни зборови.

На утрешното рочиште за „Тенк" ќе треба и Груевски да добие датум од судот за кога ќе му биде изречена првата пресуда за постапките во кои го гони СЈО. Во оваа постапка обвинет е и поранешниот помошник министер, Ѓоко Поповски за кој веќе е закажан датум за пресуда за друга постапка на СЈО во која тој е обвинет. Обвинетиот Поповски освен за „Тенк", на 22 мај ќе ја чуе и одлуката на судот за случајот „Триста" во кој му се суди за нелегална набавка на возила во МВР.

К.Д.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе