Директорот на ДИТ не знае дали ќе даде оставка

Хусеини: Не била направена контрола на автобусот на „Беса транс", не можам со 13 инспектори да контролирам 2.000 фирми

Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини вечерва во гостувањето на 24 Анализа рече дека не чувствува вина за трагедијата во која 46 патници загинаа откако автобус се запали кај „Струма" во Бугарија. Тој вели дека иако не била направена контрола врз автобусот, трагедијата сепак ќе се случела. Признава дека има пропусти, но се пожали и дека институцијата со која раководи немала доволно кадар за да може да прави контроли на автобусите. За оставка, вели дека не знае дали ќе си замине од функцијата.

„Нема ние што да одговориме зошто не сме го контрирале овој автобус, ние не можеме да ги контролираме сите автобуси. Немаме толку инспектори и за тоа сме алармирале. Мислите ли дека да имаше извод од лиценца, немаше да се случи трагедијата? Контролата не можеме да ја правиме 24 часа на граничните премини. „Беса транс" се меѓународни превозници, а ние во фирмите влегуваме еднаш во 2 години. Има 2.000 фирми, а ние имаме 13 инспектори. Не можеме да вршиме надзор на 2.000 компанија со 13 инспектори. Сто пати сме кажале во секоја годишна програма и ништо не е сторено. И на Министерот за транспорт и врски и на Министерство за финансии сме им побарале кадри, ама ништо", вели Хусеини.

За тоа дали е точно дека има блиски релации со одговорните на „Беса транс" , Хусеини вели дека се тоа само шпекулации.

„Не е точно дека имам блиски релации со „Беса транс", јас немам никакви релации, ниту ги познавам. Шпекулации се дека сум барал да се кинат пријави за „Беса транс".

Додава и дека работат со 25 години стари возила и со нив не може да се врши надзор.

„Не можеме да вршиме надзор и да бидеме ефикасни. Признаваме дека проблеми има, но јас не знам дали ќе дадам оставка. Прво треба Царинската управа да каже зошто му дозволи на овој автобус да помине граница. Често одиме на повик и ако не бараат на терен од таму. Не му е правена контрола на автобусот. Се случи ова и му се одзема лиценцата. Ние не сме криви, ни јас не сум крив што загинале 46 лица. Инспекторатот функционира толку колку што има можностите што ги има", додава Хусеини.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе