Хуманитарна помош од Бугарија по повод Меѓународниот ден на деца со церебрална парализа

Во скопскиот манастир „Преполовение" денеска беше одбележан Меѓународниот ден на деца со церебрална парализа, во организација на Здружението на родители на деца со церебрална парализа, а гости на настанот беа амбасадорот на Бугарија во земјава, Ангел Ангелов, и неговата сопруга Билјана Ангелова.

Како што соопшти Бугарската амбасада, Ангелов ја нагласи солидарноста на Бугарија и ги информираше присутните и за други добротворни акции иницирани од Амбасадата.

Како дел од хуманитарната помош обезбедена со одлука на Министерскиот совет на Република Бугарија, на иницијатива на вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, беа предадени и прехранбени пакети за 32 семејства.  Организаторите и присутните изразија благодарност за хуманиот гест. 

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе