Реакција

„Хрватско-македонска тангента“: Директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија ги нарушува односите со Хрватска

Управниот одбор на „Хрватско-македонска тангента“ енергично ги осудува навредите кон хрватската држава и влада кои на социјалните мрежи ги пласира и шири Горјан Тозија, директор на владината агенција за филм, а се пренесени во дел од медиумите.

„Неговите написи полни со омраза, како на пр. ‘Со Хрватска владеат фашисти‘, ‘Хрватската влада е фашистичка‘, ‘Пленковиќ ги гуши слобоидите во ЕУ‘ и ‘ХДЗ е фашистичка партија‘… само се дел од навредите кои ја вознемирија јавноста во пријателската Хрватска, а македонската дијаспора ја доведоа во мошне незгодна и непријатна ситуација“, реагираат од здружението.

„Хрватско-македонската тангента“ смета дека ова поведение на раководител на владина агенција (Горјан Тозија) сериозно ги нарушува пријателските односи меѓу двете држави и двата народи и целосно се оградува и дистанцира од тие навредливи ставови. Очекуваме дека македонската влада ќе преземе соодветни чекори за утврдување на одговорност.

„Тангентата“ ќе продолжи како и до сега да работи на доближувањето на традиционално извонредните блиски и пријателски односи меѓу Хрватска и Република Северна Македонија во доменот на култура, уметност, политика, стопанство, туризам…

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе