Хрватскиот премиер Милановиќ на 9 септември доаѓа во Македонија

Зоран Милановиќ, премиерот на Хрватска на 9 септември ќе пристигне во еднодневна возвратна посета на Македонија.

На средбите со неговиот домаќин Никола Груевски, премиерот на Република Македонија, ќе се  разговара за стопанската соработка и за поврзувањето на Македонија со релевантни стопански структури од ЕУ. Секако, најмногу ќе се разгледуваат можностите како Хрватска итно да ѝ помогне на Македонија на патот кон ЕУ. Хрватска ќе предложи некои опции кои досега не биле актуелизирани, а за кои има поддршка и од клучните субјекти во ЕУ, а се однесуваат и на проблемот со името, најавуваат од кабинетот на хрватскиот премиер.

На средбата ќе бидат констатирани и одличните билатерални, политички и културни односи меѓу двете земји и двата народа кои никогаш немале меѓусебни конфликти и недоразбирања. Соговорниците ќе разговараат и за тоа како да ги подобрат трговските односи кои значително заостануваат зад политичките.

Од кабинетот на хравсткиот премиер очекуваат потврда и за средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе