Хронологија на настаните до потпишувањето на договорот меѓу Грција и Македонија

Настани и изјави до потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција за конечно решавање на спорот за името и до неговото денешено потпишување. 

12 јуни
-  Република Северна Македонија за севкупна употреба, што ќе се прецизира со амандман во Уставот е договорот што го постигнаа Македонија и Грицја во процесот на преговорите за решавање на спорот за името.Тоа го соопшти на прес-конференција премиерот на Македонија Зоран Заев. Договорот предвидува потврда на македонскиот јазик во ОН - македонски, macedonian. Националноста е - македонска/граѓани на Република Северна Македонија. 

„Со договорот еднаш засекогаш се потврдува и зајакнува македонскиот етнички и културен идентитет, македонскиот јазик, македонската националност. Со него се гарантира и безбедноста на земјата и се овозможува сигурна иднина на граѓаните на РМ“, истакна премиерот.

- Грчкиот премиер Алексис Ципрас објави дека Атина и Скопје постигнале историски договор за решавање на дводеценискиот спор околу името.

„Стигнавме до договор со премиерот на поранешната југословенска Република Македонија“, му рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на претседателот Прокопис Павлопулос на почетокот на нивната средба во претседателската палата за да го извести за постигнатиот договор. 

„Договорот е за сложено име со географска одредница, за севкупна употреба ерга омнес што предвидува уставна ревизија“, изјави Ципрас.

- Договорот меѓу Атина и Скопје, е главна вест во светските медиуми

-  Доланд Туск претседател на Европскиот совет на „Твитер: -  Ви благодарам што невозможното го направивте возможно

- Федерика Могерини, висока претставничка за надворешна политика на ЕУ: Успехот им припаѓа на лидерите на двете држави и нивните тимови, но пред се на граѓаните на Македонија и Грција. Не само што е заслужено, како признание за значајните реформски резултати на земјата, туку круцијално ќе придонесе за целосна имплементација на договорот во интерес на двете земји, на регионот и на ЕУ како целина. Сега ќе ги придружиме во следните чекори си сите средства и во истиот дух на дијалог за нашата заедничка европска иднина.

- Метју Нимиц, посредник на ОН во разговорите за името меѓу Македонија и Грција: - Охрабрен сум од решеноста на двете влади да придонесат за добробит на нивните грагани преку воспоставување стратегиско партерство како база за интензивна соработка во сите области. 

- Хајко Мас, министер за надворешни работи на Германија: Скопје и Атина денеска испишаа историја. Тоа покажува што може да се постигне ако меѓународно се однесуваме со трпение, разум и почит едни кон други.

- Шефот на Социјалдемократската група во Европарламентот, Удо Булман порача дека лидерите на Европската Унија тна Самитот на ЕУ закажан на 28 и 29 јуни треба да дадат зелено светло за почеток на преговори со Македонија.

- МНР на Бугарија: - Ова го отвора патот кон европската и евроатлантската интеграција на нашиот сосед. Ова е реална шанса на крајот од бугарското претседавање со Советот на Европската унија да има напредок и можност за започнување на пристапните преговори.

- Еди Рама, албански премиер на Твитер: Два прогресивни лидери на соседните земји денеска влегоа во историјата и им порачаа на ЕУ и на целиот свет дека имаат визија и волја да ги надминат минатите пречки и да најдат простор за поглед кон иднината. Изразување на почит за Зоран Заев и Алексис Ципрас. Балканот денес е побезбедно место.

- Никос Коѕијас, министер за надвопрешни работи на Грција: - Договорот е добар. Лоша е опозицијата.

- Хедер Нојерт, портаролка на Стејт департментот: САД им честитаат на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев Алексис Ципрас и Зоран Заев, и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Решението ќе биде од корист за двете земји и ќе ги зајакне регионалната безбедност и напредокот. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во изнаоѓање на заемно прифатливо решение.

- Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина за името на Македонија оквалификувајќи го како „пројава на лидерство во регионот и вон него“. Портпаролот на Гутереш, Стефан Џарик изјави дека генералниот секретар на ОН „ги повикува граѓаните на двете држави да се обединат за да се придвижи процесот“.

Илир Мета, албански претседател: - Многу сум радосен за историскиот договор за името на Македонија. Доаѓа во долгоочекуван момент како јасна евро-атлантска перспектива за нашиот регион. Честитки за храброста и одговорноста на политичкото раководство на Грција и на Македонија, што придонесоа за ова важно достигнување,

13 јуни
-  Горан Свилановиќ, генерален секретар на Регионалниот совет за соработка: Овој историски договор дава нов ветар во грб не само на меѓусебната соработка туку и на натамошниот економски развој и процесот на европската интеграција на регионот. Искрено се надевам дека овој храбар чин на лидерство ќе биде дочекан со иста доза на решителност од страна на нивните партнери во ЕУ и НАТО.

- Борис Џонсон, британски министер за надворешни работи: - Фантастична вест е дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа договор за прашањето за името. За ова е потребно лидерство и политичка храброст. Ги охрабрувам сите политички лидери во двете земји да ги препознаат бенефитите што ќе ги донесе решавањето на ова долгогодишно прашање.

- Торбјорн Јагланд, генерален секретар на СЕ: - Овој договор покажува дека зборувањето, слушањето и разбирањето на меѓусебните загрижености ни овозможува да најдеме решенија дури и за најтешките проблеми. Лидерите на двете земји членки поставија пример за соработка и добра волја за нивните земји и за цела Европа.

- Сергеј Лавров, шеф на руската дипломатија: - Секогаш нагласувавме дека се залагаме за пронаоѓање договор за тој проблем, без мешање однадвор, без поставување  одредени вештачки услови. Говоревме дека ќе го поддржиме решението кое ќе биде во интерес на Грција и на Македонија и кое ќе има широка народна поддршка. 
 
- Себастијан Курц, австриски канцелар: - Македонија има шанси да се приклучи кон ЕУ, откако вчера Скопје и Атина постигнаа договор за решавање на спорот за името. Гледам јасна перспектива за Западен Балкан и за Македонија како членка на ЕУ.

- НАТО веќе има донесено одлука дека Македонија ќе добие покана за членство, откако ќе го реши спорот за името со Грција и таа одлука е донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година, а сега откако договорот е постигнат поканата ќе пристигне кога ќе биде финализиран во двете земји. Тоа го нагласи генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за МИА.

- Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во интервју за МИА го повикува претседателот Ѓорге Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција. - Не е соодветно за претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака. Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно ги почитуваа уставните насоки и можам само да го повикам итно претседателот да преземе одговорност. Претседателот како директно избран има специјална позиција и одговорност и треба да е свесен за тоа, инаку и наштетува на функцијата, изјави Хан во интервју за МИА.

– Во заедничко соопштение шефовите на ЕУ и НАТО ги поздравија напорите на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, за постигнување договор за спорот за името.- Се надеваме дека оваа уникатна прилика да се релансира европската и евоатлантската иднина на поширокиот регион на Западниот Балкан нема да биде пропуштена. Овој договор претставува пример за другите како се консолидира мирот и стабилноста во регионот, стои во соопштението на Туск и Столтенберг.

- Денко Малески, прв министер за надворешни работи на Република Македонија: - Ова што го добивме ги надминува дури и моите очекувања. Очекував дека Грците по прашања поврзани за идентитетот, за името на јазикот и на нацијата дека ќе бидат многу потврди. Во меѓународните односи е многу важно разумот да надвладее. Да ја сфатиме сопствената ситуација која е, да разбереме кои се односите меѓу државите за да ја разбереме улогата на моќта и улогата на државите кои веќе се членки во сојузи во кои ние сакаме да се зачлениме и да ги заобиколиме тие пречки, правејќи компромиси и да стасаме до нашата цел-евроатлантски интеграции. 

 - Алексис Ципрас, грчки премиер: - Не можеме да им го забраниме правото на соседите да се самоопределуваат како Македонци. Овој договор тоа што го прави е да не го потценува правото на самоопределување

 

14 јуни

- Договорот за решавање на долгогодишниот спор за името што го постигнаа премиерите Зопран Заев и Алексис Ципрас е ставен на увид на јавноста. Договорот е објавен на веб страницата на Владата.

- Бугарскиот премиер Бојко Борисов и бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева ги откажаа средбите со  македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој е во официјална посета на Софија. - Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Клучно за идниот развој на нашата соседна држава е интеграцијата во ЕУ и НАТО и тоа да не се доведува во прашање, се наведува во соопштението од Владата на Бугарија.

- Никола Димитров министерот за надворешни работи: -  Многу е важно Македонија да добие политичка одлука од Европскиот совет кон крајот на јуни за почеток на преговори и за членство во НАТО бидејќи само така компромисот што го постигнавме ќе биде вин-вин за двете страни.

- Румен Радев бугарски претседател -  Бугарија го прифаќа договорот меѓу Македонија и Грција за името, особено заради тоа што ќе ги отстрани пречките на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

15 јуни

- Зоран Заев, премиер: -  Силно верувам во договорот, бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање и се отвора иднината за земјата. Со оваа одлука испишуваме нова страница во историјата на нашата земја

- Министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Грција, Никола Димитров и  Никос Коцијас в недела во регионот на Преспа ќе го потпишат конечниот договор за решавање на македонско – грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство помеѓу двете земји. На потпишувањето на договорот ќе присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

- Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Стандард енд пурс“ соопшти дека договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името нема да предизвика негативни ефекти врз македонската екомонија. Агенцијата оценува дека напредокот на земјава ќе биде постепен, а придобивките долгорочни.

- Зоран Заев, премиер - Договорот со Грција ќе биде потпишан в недела со што ќе се испрати сигнал за европско однесување и манири во период кога „Балканот раководи со ЕУ“. Важно е што сето тоа се случува во период кога Балканот раководи со Европската унија, односно Бугарија претседава со ЕУ. Посебно сум среќен што на Западна Европа и  испративме сигнали на европско однесување и европски манири, и дека како Балкан имаме целосно право да бидеме дел од Европа. 

МИА

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе