Заедно со Груевски и Миленко Неделковски

Христијан Мицкоски е извор на дезинформации во Македонија, според нова студија на ЕУ

Во студијата изработена по нарачка на Европскиот парламент како извор на дезинформации во Македонија се истакнати профилите на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, на бившиот премиер Никола Груевски и на Миленко Неделковски. Како извори на лажни вести се наведени и неколку портали и една телевизија.

Фото: Роберт Атанасовски

Во студијата на ЕП се опфатени Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија во периодот од 2018 до 2020 година.

„Дезинформациските кампањи во Северна Македонија главно се одвиваат на социјалните медиуми – највидливи се на Фејсбук, како и на Јутјуб и Твитер - но за нивно ширење главно се потпираат на традиционалните медиуми, особено на општинските и локалните медиуми, весниците, списанијата и телевизијата“, вели студијата.

Меѓутоа според податоците анализирани за оваа студија, мејнстрим-медиумите веќе не се меѓу најголемите канали за ширење дезинформации. Исклучок е ТВ21, вели студијата, која генерално е признаена како висококвалитетна телевизиска станица, но учествуваше во ширењето дезинформации поврзани со ковид-19.

Меѓу широко пренесуваните дезинформациски „стории“ беа теоријата дека хидроксихлорокининот може да излечи ковид-19 (што се поврзува со Доналд Трамп) и наводно злобните планови на Бил Гејтс да го вакцинира светот (промовирано од ТВ21 и Њуз24, по тој редослед, но и двете очигледно потекнуваат од Албанија), како и повикот на Неделковски да се гони Гејтс за злосторства против човештвото, вели студијата.

Други големи дезинформациски канали откриени во оваа анализа на социјалните медиуми се веб-страницата Инфомакс.мк, профили на социјалните мрежи поврзани со кампањата за бојкот на референдумот, и профилите на социјалните медиуми на истакнати поединци, вклучувајќи го и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, коментаторот Миленко Неделковски и поранешниот премиер Никола Груевски, се вели во студијата.

Омилена тема во Србија, во делови на Босна и Херцеговина, каде што доминираат Срби, и во Македонија е „заканата“ за „Голема Албанија“, вели студијата.

„За разлика од повеќето земји во регионот, каде што медиумските пејзажи веќе над една деценија се релативно стабилни, во Северна Македонија имаше две значајни промени во структурата на нејзиниот медиумски систем, и обете имаа последици врз продукцијата и ширењето на дезинформации.“

Прво, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, и особено во последните години од тоа владеење, мејнстрим-медиумите беа под строга контрола на партијата и биле вмешани во речиси сите дезинформациски активности на партијата, според анализата.

Нивната цел била да се дискредитираат политичките противници и да се промовираат националистички и честопати антизападни ставови. По промената на владата, вели студијата, клучните телевизии ја променија уредувачката политика и известувањето стана побалансирано и попрофесионално. 

Второ, во последниве неколку години е зајакнато инвестирањето од Унгарија на македонскиот медиумски пазар, вели студијата и наведува дека се купени неколку медиуми, ТВ Алфа, Курир и Република, кои претходно беа блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Дезинформациските кампањи во Македонија што ги вклучуваат надворешните односи, вели студијата,  се фокусираат претежно на прашањата на идентитетот - без разлика дали е тоа промена на името или меѓуетничките односи - наместо за прашања на интеграција или геополитичкото сојузништво.

Анализата открива неколку клучни дезинформациски кампањи и во медиумите на македонски и во медиумите на албански јазик.

Оваа студија за дезинформации на Западен Балкан е спроведена во согласност со посветеноста на Европскиот парламент за ‘холистичко размислување за странско, авторитарно мешање и справување со ранливоста во сите аспекти на демократското управување и институциите. Црпејќи од постоечките академски, аналитички и други истражувања, и како оригинална анализа на податоци за онлајн-социјалните мрежи  - и посветувајќи еднакво внимание на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија - студијата ги мапира клучните трендови и модели во дезинформациите и контрадезинформациите во целиот регион во периодот од 2018 до 2020 година.“

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе