Холандскиот сенат го ратификуваше Протоколот за НАТО, остануваат уште Франција и Шпанија

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Информација на неговиот Фејсбук профил ја сподели министерот за надворешни работи Никола Димитров.

По добивањето зелено светло од Холандија, Протоколот за НАТО ќе треба да го ратификуваат уште Франција и Шпанија со што земјава и формално ќе стане 30 полноправна членка на Алијансата.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави оти се очекува до крајот на ноември или до Лондонскиот самит да заврши ратификацијата и во Франција, по што останува само ратификацијата во Шпанија, за што поточни проценки ќе можат да се направат дури откако ќе биде јасна новата влада.

„Според најавите, првата седница на шпанскиот Парламент ќе биде почетокот на декември. Секое шпекулирање сега, ќе биде само шпекулација. Многу внимателно ги следиме настаните, ја испраќаме континуирано пораката дека е многу важно за нас, но и за регионот, нашето членство час поскоро“, изјави Шекеринска, која денеска изврши увид во новореновираните и комплетно опремени лаборатории во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски", во касарната „Гоце Делчев", во кои е инсталирана напредна образовна технологија наменета за проектот за напредно учење на далечина. 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе