Холандскиот парламент со позитивна одлука за преговори со Македонија, за Албанија е „прерано“

Холандија бара Албанија и Севернa Македонија да бидат третирани одвоено во однос на отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ, за што ќе се расправа на состанокот на Советот на министри во Луксембург на 15 октомври, а конечната одлука треба да биде формализирана на 18 октомври од Европскиот совет. Ова е исходот од вчерашната дебата во Комитетот за европски прашања на холандскиот Парламент. 

Шефот на дипломатијата Стеф Блок го повторил ставот на Владата дека почеток на преговори со Албанија во овој момент би било прерано. Холандија, сепак, нема да стави вето доколку останатите земји членки на ЕУ бидат за старт на преговорите.

Заклучокот од дебатата во Комитетот за европски прашања сега треба да се преточи во заеднички став на парламентарните партии.

Холандското МНР во меѓувреме ги повтори позициите на Владата дека земјите кандидати мора да ги исполнат поставените услови пред отворање на преговарачкиот процес.

Холандија го поздравува постигнатиот напредок во земјите кандидати, но смета дека нивното оценување треба да биде посебно врз основа на нивните постигнувања.

Во делот за Северна Македонија се вели дека е направен охрабрувачки напредок и се поздравува Преспанскиот договор како пример за решавање и на други отворени прашања во регионот. Исто така, се препорачува продолжување на предметите отворени од СЈО и се поздравува нивното префрлање за понатамошно процесуирање во Јавното обвинителство. Клучен чекор што треба да се направи е усвојување на закон што ќе гарантира независно Јавно обвинителство и гонење на случаите на висока корупција.

Во случајот со Албанија, холандската Влада ги поздравува досега преземените чекори, но смета дека мора да бидат направени дополнителни напори за зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе