Прес-конференција на генералниот секретар на Беса

Хоџа замина од министерската функција, вели дека за секоја партија е самоубиство да биде во Влада со ДУИ

Поднесувам оставка на функцијата министер, заедно со мене оставка поднесоа и двајцата заменици министри од редот на Беса, бидејќи не можеме да се идентификуваме со дејствувањето на ДУИ како коалициски партнер кој користи недемократски методи само за да остане на власт, изјави денеска генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа нагласувајќи дека се работи за морален и принципиелен чин. „За секоја партија е самоубиство да биде во иста влада со ДУИ, зашто ДУИ има само еден идеал - власт“, рече Хоџа.

Арјанит Хоџа нагласи дека излегувањето од Владата на Беса тој веќе ја имаше најавено и дека одлуката на партиските органи е донесена пред сѐ поради поради срамниот недемократски однос на ДУИ на изборите кон Беса и посебно служењето со недемократски методи од страна на вицепремиерот од ДУИ Груби.

Хоџа истакна дека Беса нема забелешки кон премиерот Зоран Заев за кого оцени дека направил многу на планот на евроатланските интеграции на земјата.

„Беса им подаде рака на Алијанса за Албанците и Алтернатива зашто сметаме дека заедно, на демократски начин може ДУИ да се испрати во опозиција. На ДУИ ѝ е потребна реформа, а таа партија нема да може да се реформира во демократска доколку не замине во опозиција“, рече Хоџа.

Според него, Беса дејствува гордо и достоинствено, не сака власт по секоја цена, но како што ја практикувале власта досега, така ќе ја практикуваат на локално ниво во Тетово и Желино, каде освои градоначалнички функции.

Тоа што се случи вчера со собраниската седница е како во холивудските филмови, одговори Хоџа на новинарско прашање и рече дека сѐ уште немаат контакт со пратеникот Кастриот Реџепи поради чие отсуство вчера не успеа обидот за уривање на Владата преку изгласување недоверба во Собранието.

„И покрај тоа што има објави преку социјалните мрежи ние во Беса сепак не сме сигурно што точно се случило со него, затоа пред сѐ посакуваме тој да е во добро здравје. Доколку тоа што го соопштил е вистина, односно не се согласува со одлуките на партијата иако дал свој потпис за уривање на Владата, тогаш партиските органи ќе одлучат за неговото членство во Беса“, рече Хоџа.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе