Хоџа: Владината реконструкција треба да помине во Собранието во почетокот на следната недела

Владата очекува во почетокот на наредната недела Собранието да го усвои Предлогот за најавената реконструкција.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа, предлогот за промените во владиниот кабинет премиерот Заев треба да ги достави до крајот на оваа недела. Во меѓувреме, Заев ги продолжува консултациите со партиите од коалицијата.

„Очекуваме во почетокот на наредната недела, зависно од агендата на Парламентот, предлогот за реконструкција да биде усвоен. Премиерот Заев ќе го достави до Собранието до крајот на оваа недела“, рече Хоџа.

Одговорајќи на новинарско прашање дали „бомбите" на Ел Чека ќе влијаат врз реконструкцијата и изборот на новите министри, Хоџа напомена дека промените се претходно најавени и за тоа јавноста е веќе информирана.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе