Хоџа: Владата нема да го коментира објавувањето на последните бомби

Владата останува на ставот на МВР што го изнесе пред неколку дена во врска со објавувањето на последните „бомби", изјави денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во врска со објавување прислушувани разговори на фејсбук истакна дека Владата нема да го коментира тоа што се случува последно време со „бомбите“ и оти за тој случај надлежните институции, во случајот МВР, за тоа веќе ја информирала јавноста.

„Тоа што го кажав останува. Владата нема повеќе да коментира. Ставот на Владата е тоа што го соопшти МВР пред неколку дена“, рече Хоџа.

Минатата недела МВР соопшти дека лицето кое ги постирало т.н. бомби со прислушувани разговори на фејсбук е детектирано и дека полицијата во соработка со Јавното обвинителство работи на целосно расчистување на случајот.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе