Влада

Хоџа: Нема да дозволиме случајот „Рекет“ да ги попречи евроатлантските интеграции

Отворениот случај „Рекет“ во кој сега е осомничена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева потврдува дека пред правдата и законите секој е еднаков и одговорен, изјави денеска портпаролот на Владата, Мухамет Хоџа.

Мухамед Хоџа

Владата повикува на темелна и независна истрга, што ќе заврши што е можно побрзо и ќе ги покаже сите детали.

„Резултатите од истрагата мора да бидат базирани исклучително на докази и согласно правото. Одговорност мора да има за сите инволвирани. Институциите на извршната власт им стојат на распоалагање со цел свој капацитет на истражните и правосудни органи. Ослобдувањето на целиот правосуден систем дава резултати и очигледно е дека независноста се прифати како алатка која ги охрабри институциите и луѓето да дадат резултати кои се очекуваат од правната држава и владеење на правото“, изјави Хоџа.

Тој нагласи дека Владата нема да дозволи случајот негативно да биде искористен за попречување на евроатлантските интеграции на земјата. Продолжуваме со спроведување на реформите се со цел да бидеме членка на НАТО и да ги почнеме преговорите со ЕУ, рече Хоџа.

„Независно од натамошниот развој на случајот во кој сега е осомничена Катица Јанева, Владата на Северна Македонија очекува од сите истражни и правосудни органи, вклучително и од СЈО, натамошна безкомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција“, рече Хоџа.

Тој додаде дека ова е уште еден мотив заедно со опозицијата да се заокружи реформата на правосудниот систем и да се обезбеди владеење на правото.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе