Владиниот портпарол

Хоџа: Не очекуваме проблеми во процесот на интеграција во НАТО

Република Северна Македонија ќе биде следната 30-та земја членка на НАТО. Процесот на интеграција е во крајна фаза и не се очекуваат проблеми со ратификацијата во која било од земјите членки, изјави денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа.

На денешната прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање дали се очекува одложување со оглед на тоа што во Шпанија се закажани парламентарни избори, тој рече дека единствено е прашање на време кога ќе се заврши ратификацијата зависно од процедурите на институциите во земјите.

„Процесот на интеграција во НАТО е во крајна фаза. Досега одеше со брзо темпо. Тоа е неповратен процес. Прашањето на полноправно членство во НАТО е техничко, односно не се очекуваат никакви проблеми со ратификацијата во која било земја, единствено е прашање на време кога ќе се случи зависно од процедурите на институциите во земјите”, изјави Хоџа.

Според него, полноправното членство ќе се заокружи кога ќе заврши ратификацијата во сите земји членки и финално кога протоколот ќе биде ратификуван во нашиот Парламент.

„Симболично ќе биде убаво ако заврши процесот пред НАТО самитот кој ќе се одржи во декември 2019 година, за да се заокружи 30-тото полноправно членство кога НАТО прославува 70 години”, рече Хоџа, додавајќи дека Северна Македонија секако ќе учествува на Самитот на НАТО во декември и ќе седи на иста маса со земјите членки на Алијансата.

Правејќи споредба со другите земји кои се зачленувале, тој рече дека процесот кај нив траел од година до година и пол.

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе