Хоџа до Мицкоски: Беса ги покажа своите опозициски позиции преку критиките за актуелната Влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоси, ја постави дилемата дали албанската опозиција е против оваа влада или не, што уште еднаш ја докажува како точна дилемата што ја поставив пред неколку недели дека ВМРО-ДПМНЕ маестрално кокетира со ДУИ, појавувајќи се во јавност како да се напаѓаат, а резултатите од оваа „пресметка“ на ВМРО-ДУИ се во служба на зголемување на партискиот рејтинг на овие субјекти, напиша на својот фејсбук-профил Арјанит Хоџа од движењето Беса по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на тоа дека има дилема околу тоа дали албанските опозициски партии се воопшто во опозиција или пак се резервна варијанта.

Хоџа вели дека Беса ги покажало своите опозициски позиции и во сите овие месеци има низа критики кон актуелната Влада во сите сфери.

„Македонските партии, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, изгледа не успеаја да разберат една работа, а тоа е дека движењето Беса не е политички субјект што може да се управува од нивните партиски штабови. Затоа, пријателски предлог до господинот Мицкоски, видете го делувањето на движењето Беса во сите овие години и ќе разберете дека во Беса политичките дејства се автохтони, автономни и автентични“, посочи Хоџа.

 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе