Задоволство во Беса

Хоџа: Донесовме вистинска одлука, застанавме на вистинската страна

Успеавме да го удвоиме бројот на мандати на овие избори и во Собранието на Северна Македонија ќе имаме четири пратеници. Коалицијата „Можеме“ ја направи разликата и ја обезбеди победата, рече на денешната прес-конференција генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа.

„Несомнено, мандатот на СДСМ и Движењето Беса ќе биде владин мандат во наредните четири години, а целата наша заложба ќе биде насочена кон продолжување на патот на интеграција на земјата во Европска унија и одржување на прозападната орентација на земјата потпирајќи се на нашите сојузници како САД и земјите членки на ЕУ“, изјави Хоџа.

Тој додаде дека завршиле еден предизвикувачки изборен процес и преземале ризик, како што наведе, „кој никој не се осмелил досега и докажавме дека ја направивме вистинската одлука со тоа што застанавме на вистинската страна“.

„Некогаш бројките и победата не се важни, но важно е да се биде на вистинската страна. Движењето Беса на овие избори ги има и бројките и победата и е токму таму каде што сакаат мнозинството граѓани – во опцијата што гарантира пат за инреграција во ЕУ, економски разој и градење на рамноправна држава за сите врз основа на партнерство меѓу Албанците, Македонците и сите други етнички заедници“, рече Хоџа.

На новинарско прашање во врска со тоа која партија од албанскиот блок ќе биде поприфатлива за коалициски партнер, Хоџа рече дека очекуваат да го видат финалниот резултат и врз основа на тоа ќе донесат длуки.

„Очекуваме да заврши броењето на гласовите. Во овој момент не сакаме да прејудицираме. Остануваме на тоа да го видиме финалниот резултат и врз основа на тоа ќе донесеме и одлуки“, вели Хоџа.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе