Хелсиншки комитет повикува да се пријавуваат повреди на избирачкото право

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија информира дека в недела, 15 октомври, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на локалните избори.

„Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот кој се наоѓа на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје. Доколку граѓаните не се во можност да дојдат до нашите простории, случаите на повреда на избирачкото право можат да го пријават и преку телефонски број 02-3119-073“, се вели во соопштението од Хелсиншки комитет.

Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку електронска пошта на helkom@mhc.org.mk. Пријавите преку е-пошта, како што стои во соопштението, треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право.

Граѓаните можат да ги поднесат пријавите, наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно. Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност.

„Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Хелсиншкиот комитет и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните што ја пријавиле повредата“, се додава во соопштението.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе