Хелсиншки комитет: Институциите да го казнат поттикнувањето на насилство и ширењето меѓуетничка омраза

По повод вчерашната прослава на ракометниот клуб „Вардар”  до Хелсиншкиот комитет за човекови права пристигнаа голем број пријави за регистриран говор на омраза од страна на навивачките групи на градскиот плоштад и на социјалните медиуми. Говор на омраза е забележан и во другите градови во државата. Сите пријави, како што соопштуваат од Комитетот, се уредно регистрирани, по што ќе следи соодветна реакција до надлежните институции.

„Најголем број од пристигнатите пријави се однесуваат на говор на омраза врз етничка припадност. Така на пример, на градскиот плоштад беше скандирано ‘Нека разберат клетите шиптари. Чиста Македонија. Гасна комора‘ и друг навредлив и дискриминаторски говор. Со ова се предизвика раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, опишано во член 319 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението од Хелсиншки комитет.

Во соопштението се додава дека Хелсиншкиот комитет најстрого го осудува поттикнувањето на насилство и предизвикувањето на меѓуетничка омраза и ги охрабрува сите граѓани кои во текот на вчерашниот ден биле сведоци и/или жртви на говор и/или дела од омраза да го пријават својот случај во Хелсиншкиот комитет и на www.govornaomraza.mk.

„Упатуваме посебен апел до Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да ги истражат овие случаи и да ги преземат сите мерки согласно позитивните законски прописи. Хелсиншкиот комитет и понатаму ќе го следи развојот на настаните поврзани со вчерашните навредливи и дискриминаторски скандирања и редовно ќе ги известува надлежните институции за понатамошно постапување и санкционирање на овој крајно негативен феномен“, соопшти Хелсиншки комитет.

 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе