Формулацијата „истакнат правник“ политички се злоупотребуа

Хелсиншки комитет достави иницијатива изборот на уставни судии да се спроведе со нов закон

Хелсиншкиот комитет достави иницијатива до Министерството за правда за донесување Закон за постапката и условите за избор на уставните судии. Овој период, непосредно пред изборот на петмина нови уставни судии, е најсоодветна прилика да се разгледа прашањето за нормирање и регулирање на постапката и условите за избор на уставните судии со нов закон. Доколку во овој момент не започне постапката за негово правно уредување, ова прашање ќе остане недопрено и во следните седум години, предупредува Хелсиншкиот комитет и нагласува дека формулацијата „истакнат правник“ политички се злоупотребува.

Од организацијагта велат дека доколку не почне постапката, имајќи ја предвид потоа неможноста седум години да се интервенира, нереформираното уставно судство ќе значи сериозен удар врз принципот на владеење на правото и поткопување на темелите на правната држава.

Мандатот на четири уставни судии истекува годинава - на Сали Мурати,
Никола Ивановски и Елена Гошева мандатот во мај и јуни, додека на Јован Јосифовски мандатот му истекува во декември, оваа година. На уште една судијка, Валентина Маркудова, мандатот ѝ истекува во ноември идната година.

Хелсиншкиот комитет за човекови права потсетува дека уште во 2016 година ја изготви анализата „Уставниот суд во стегата меѓу политичките интереси и човековите права", при што, детектираните слабости во анализата се присутни и денес, а предлозите на анализата, можат да послужат за подобрување на состојбите во уставното судство.

Оваа иницијатива е мотивирана од досега многукратно констатираната слабост на уставното судство како заштитник на човековите права, имајќи го предвид предвид досегашното работење на Уставниот суд, чиј углед и авторитет е доведен во прашање поради низа причини, нагласува Хелсиншки комитет.

Во иницијативата најпрво се укажува дека Уставниот суд не треба да биде само заштитник на уставниот поредок, туку и двигател на реформата на правната култура и водич на редовното судство во толкувањето на уставните вредности, но дека од друга страна токму Уставниот суд е најнереформиранaта институција во нашиот уставен и политички систем, која практично не претрпела суштински измени 30 години.

„Досегашната практика на избор на уставни судии недвосмислено укажува на крајна политизираност, односно партизираност на постапката за избор која како своја последица го има изборот на уставни судии што многу повеќе се истакнуваат со својата лојалност кон партиите или одредени центри на моќ, отколку како правници. Поради тоа конечно треба да се стави крај на ваквата практика која целосно го урива и онака ниското ниво на авторитетот и углед. При ваква состојба во која се наоѓа Уставниот суд веќе дури не изненадува
тврдењето дека оваа институција не може авторитативно да ја остварува својата најосновна функција, заштита на уставноста и законитоста преку контрола над почитувањето на уставноста и законитоста на носителите на трите власти во државата. Во последниот период преку низа примери Уставниот суд се покажа како институција која многу повеќе му штети на владеењето на правото и слободите и правата отколку што може да ги заштити“, се вели во иницијативата.

Хелсиншки комитет смета дека со посебен закон кој јасно ќе ја нормира и регулира постапката и ќе ги прецизира условите за избор на уставните судии, ќе се избегне преширокото толкување на категоријата „истакнат правник" која во практиката веќе и не се гледа како вистински услов.

Во иницијатива се вели дека се површни досегашните аргументи и изговори дека донесување на ваков закон нема уставна основа и дека парламентот не успеал да го искристализира стандардот „истакнат правник".

„Сепак, уставната одредба од член 113 од Уставот на РСМ јасно регулира дека само начинот на работа и постапката пред Уставниот суд се уредуваат со акт на Судот, но не и за постапката и условите за избор на уставните судии. Тоа јасно укажува дека со закон можат дополнително да се регулираат посебните аспекти на постапката за избор и воедно да се дефинира единствениот услов за избор на уставните судии. Впрочем во член 132 од Законот за Судскиот совет на РСМ се регулира уставниот услов, истакнат правник, за избор на уставните судии на предлог на Судскиот совет. Во таа смисла очигледно е дека веќе со закон кој се носи со релативно мнозинство се регулира еден аспект“, се вели меѓу другото во иницијативата на Хелсиншки комитет доставена до Министерството за правда

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе