Избори за градоначалник

Хекуран Дука од ДУИ прогласи победа во Дебар

Според првичните информации од Изборниот штаб на дебарскиот огранок на ДУИ, кандидатот на оваа партија, Хекуран Дука е новиот градоначалник на Дебар. Тој на денешните избори освоил над 400 гласови повеќе, наспроти неговиот противкандидат Арбен Аголи, од Алијансата за Албанците.

Дука се заблагодари на дадената доверба и вети дека ќе биде градоначалник на сите граѓани независно од етничка, верска или партиска припадност, онака како што не правел разлика во давањето лекарска услуга.

„Мојата канцеларија ќе биде отворена за секого, независно дали гласал или не за мене. Ние сме сите дебарчани и сите му посакуваме добро на нашиот град и општина. Ветувам дека максимално ќе се заложам да ги реализирам сите мои ветувања, со цел да ја намалиме миграцијата на младите и да го претвориме Дебар во европски град. Од срце ви благодарам на сите“, рече Дука.

Д-р Хекуран Дука е роден 1963 година во Дебар, оженет, татко на три деца. Средно образование завршил во родниот град, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, каде завршил специјализација по урологија. Вработен е во Општата болница во Дебар од 1994 година.

На последните локални избори, во 2017 година, беше дел од кандидатската листа на ДУИ и беше избран за советник во Советот на општината.

Тој е вршител на должноста градоначалник на Дебар.

Во Дебар се спроведоа предвремени локални избори за градоначалник, поради смртта на Ружди Љата, кој по кусо и тешко боледување почина на крајот од ноември минатата година.

МИА

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе