Санкции за поранешниот претседател на Државната агенција за Бугарите во странство

Харалампиев во 2018 година беше обвинет дека за 5.000 евра издавал документи за бугарско потекло на Македонци, Украинци и Молдавци

Поранешниот претседател на Државната агенција за Бугарите во странство, Петар Харалампиев, и државниот секретар Красимир Томов се најдоа на американската листа за санкции, бидејќи, како што стои во соопштението на Стејт департментот, биле вклучени во коруптивни дејства.

Тие, заедно со уште четворица други Бугари, „го поткопале владеењето на правото и довербата на бугарската јавност во владините демократски институции и ги користеле своето политичко влијание и моќта што им ја носи функцијата за да остварат лична корист“.

Името на Харалампиев се појави во 2018 година кога Специјалното обвинителство ја истражуваше бугарската Државна агенција за Бугарите во странство поради сомнеж за корупција. Истрагата тогаш започна по обвинувањата дека се издавале документи со кои се докажува бугарско потекло за 5.000 евра, а такви фалсификувани документи им биле издавани на луѓе од Македонија, Украина и од Молдавија. Со тие документи потоа можеле да извадат бугарски пасош, а дневно биле издавани околу 30 сертификати. Тогаш инспекторите вршеле претреси и испрашувале сведоци во Софија, Ќустендил и Плевен.

Униформирани полицајци обезбедувале куќа во ќустендилското село Драговиштица. Во неа живее постара жена, а полицијата не ѝ дозволувала да излезе. Според соседите, најверојатно под истрага била нејзината снаа, која била во затвор во Србија. Во центарот на Ќустендил бил извршен претрес во една сметководствена куќа.

Вработените во Државната агенција за Бугари во странство биле претресувани пред влезот во зградата, а Специјалното обвинителство по претресот во Агенцијата одзело два компјутери и коверти со документи.

Според тогашните неофицијални информации, со лисици на рацете биле приведени шефот на Агенцијата Петар Харалампиев и 29 други вработени.

Веднаш по акцијата се јави Красимир Каракачанов, со изјава дека неговата партија ВМРО-БНД никогаш не зела пари за издавање на документи за бугарско државјанство, туку „секогаш ја бранеле каузата етничките Бугари од Македонија, Молдавија и Украина да добијат државјанство со поедноставена постапка“. Новинарот и политичар Велизар Енчев рече дека по апсењата во Агенцијата за Бугари во странство политичка одговорност за случајот треба да понесе Каракачанов, бидејќи од 2014 година па наваму за сите началници на Агенцијата гарантирал токму Каракачанов од ВМРО.

Во контекст на вчера воведените санкции од САД за бугарски дрржавјани и фирми бугарското издание на „Еурактив”, вчера објави дека американската страна инсистира бугарски пасоши да се издаваат само на граѓани кои не претставуваат закана за внатрешната безбедност на САД. 

Порталот потсетува дека во коруптивната шема откриена во 2018 година секој кој бил спремен да плати мито од 5.000 евра добивал бугарски пасош кој ја отвора вратата на целата ЕУ и на голем број земји во светот. Во шемата е вклучена особено Државната агенција за Бугарите во странство која издавала лажни потврди за бугарско потекло, клучниот документ за добивање бугарски пасош.

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе