Приштина

Харадинај утре во Македонија на средба со Заев

Kосовскиот премиер Рамуш Харадинај утре ќе престојува во прва официјална посета на Македонија. Како што соопштија од кабинетот на Хaрадинај, тој освен средбата со својот домаќин, македонскиот премиер Зоран Заев, ќе биде примен и од други високи македонски личности.

„Премиерите Харадинај и Заев ќе разговараат за пријателските меѓусосодски односи, а ќе го дефинираат и датумот на одржување на заедничката седница на владите на двете земји“, се наведува во соопштението.

Косовските медиуми наведуваат дека истиот ден во Скопје ќе престојува високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Македонскиот премиер Заев на 12 декември престојуваше во Косово, каде домаќинот Харадинај го пречека со највисоки државни почести.

Харадинај неодамна изјави дека „Косово нема надворешна политика и дека припаѓа на клубот што го води Америка“.

„Ние сме дел од Европа и соработуваме со Брисел и со Берлин. Но, кога е во прашање надворешната политика, ние сме дел од клубот што го предводи Америка. Нам тоа ни е проблем да го признаеме, немаме ниту време да се занимаваме со проблемите во светот“, изјави Харадинај за Хепи телевизија.

Тој вели дека бил дел од косовски тим што го поддржал Бриселскиот договор, но останува на ставот дека Заедницата на српските општини може да биде формирана само врз основа на косовскиот Устав, пренесе Танјуг.

Според него, потребно е да се види „за каква ЗСО станува збор и потоа - кога ќе биде формирана“.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе