Вашингтон

Хан: Затворањето на спорот за името ќе биде пример за решавање и на другите конфликти во регионот

Преспанскиот договор може да поттикне решенија и на другите отворени прашања на Балканот, вели еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервју за „Вашингтон пост".

Хан кој минатата недела беше во Вашингтон на разговори со претставници на американската Влада за Западен Балкан, за Блискиот Исток и за Украина, вели дека Договорот од Преспа е резултат и на зедничката поддршка на САД и ЕУ за решавање на долгогодишниот спор за името меѓу Атина и Скопје.

„Мислам дека и двете страни се многу успешни. САД даваа голема поддршка за она што денес го нарекуваме Северна Македонија“, истакнува Хан.

Еврокомесарот се надева дека затворањето на спорот за името ќе биде пример и претходница за решавање и на другите конфликти во регионот, вклучувајќи го и застојот во дијалогот меѓу Србија и Косово, за кој вели дека е предизвикан од трговските тарифи наметнати од Приштина  кон крајот на минатата година.

Коментирајќи ја улогата на САД во регионот, Хан наведува дека Вашингтон, а не Брисел, бил на возачкото место за време на војните во регионот во 1990-тите.

„Денес, САД многу ја поддржуваат Европската Унија во регионот. Мислам дека тие се многу среќни што ЕУ сега ја имаат водечката улога во регионот“, објаснува Хан. Тој вели дека ситуацијата е променета – САД немаат „речиси никакви“ бизнис интереси во регионот, и она што сега е дневна рутина е ЕУ да се грижи за ситуацијата.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе