ПРЕД ДОАЃАЊЕТО НА ЕВРОКОМЕСАРОТ ВО СКОПЈЕ

Хан: Веродостојни избори според договорените рокови

Во Скопје уште еднаш ќе укажам на одговорноста на потписниците за спроведување на договорот од Пржино, вклучувајќи ја и потребата да се обезбедат веродостојни избори во согласност со договорените рокови, вели во изјавата еврокомесарот Јоханес Хан пред доаѓањето во Скопје.

Јоханес Хан

Утре во Скопје ќе допатува еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Тој утре ќе се сретне со претставниците на четирите најголеми политички партии, потписници на договорот од јуни и јули минатата година.

„Утре ќе се потсетиме на важноста на спроведувањето на итните приоритети во реформите на кои лидерите на политичките партии исто така се обврзаа. 15 јануари е клучен за роковите од политичкиот договор чие спроведување е многу важно за владата и за граѓаните на земјата. Очекувам дека дел од обврските од политичкиот договор ќе бидат решени пред или за време на мојата посета, овозможувајќи им на изборните власти да организираат веродостојни избори, според договорената временска рамка“, вели Хан пред доаѓањето во Скопје.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе