НА РЕГИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИРН

Хан: Состојбата со слободата на медиумите на Балканот предизвикува голема загриженост

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, за конференцијата на БИРН, изјави дека состојбата со слободата на медиумите на Балканот „останува точка на особена загриженост“ за Европската Комисија, која бара итно внимание. Особено прашањето на владиното мешање и заканитe против независноста на јавните радиодифузни сервиси, пренесува БИРН.

„Се соочуваме со важни предизвици кои мора итно да бидат адресирани", рече Хан во своето видео обраќање на регионалната конференција за медиуми на БИРН во Сараево.

„Покрај владиното мешање, повеќе напори мора да се посветат и на политичката и финансиска независност на регулаторните тела, како и на поефективно функционирање на саморегулацијата", рече Хан.

Европскиот комесар рече дека ќе продолжи да ги притиска владите во регионот да остваруваат прогрес.

„Постои потреба да се справиме и со неформалниот економски притисок врз медиумите. Ова вклучува транспарентност на сопствеништвото врз медиумите и спречување на прекумерната медиумска концентрација. Не помалку важна е и транспарентноста при владиното рекламирање", рече Хан.

Еврокомесарот потсети дека слободата на изразување и слободата на медиумите се во центарот на евроинтеграцискиот процес.

„Слободата на говорот, како и информирани и професионални медиуми се неопходни за едно демократско општество. Тие се неопходни за граѓаните да можат да одлучуваат за иднината на земјата", рече Хан.

„Без нив, јавноста не може да ги процени различните опции, ниту да донесе заклучоци за лидерите. Без нив, се остава простор за растење на опасни предрасуди и погрешни перцепциии кои можат да ги поткопаат шансите за мир и стабилност", рече тој.

Регионалната медиумска конференција со наслов „Предизвици за медиумската слобода", се одржува како дел од прославата на десетгодишнината на БИРН.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе