Ако Албанија не постигне напредок

Хан: Северна Македонија направи многу, не е фер некој кој донел тешки одлуки да биде казнет зашто е подобар

Северна Македонија направи многу, вели еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за Дојче веле и објаснува дека секоја земја кандидат за членство во ЕУ ќе биде оценувана одделно врз основа на својот напредок и постигнувања. Во интервјуто тој не ја исклучува можноста земјава и Албанија да се одвојат од процесот на приближување кон ЕУ.

„Мојата цел е двете земји истовремено да добијат датум за почеток на преговори, затоа што истовремено го претставуваме и извештајот. Но не можам да го предвидам процесот на донесување одлуки во земјите-членки. Факт е дека Северна Македонија направи многу и притоа, не само во рамките на она што ние го баравме, туку исто така и со решавањето на спорот за името, но и со решавањето на билатералниот конфликт со Бугарија. Северна Македонија создаде еден предуслов со што стана единствената земја во регионот која нема конфликт со ниту еден сосед”, изјавил Хан.

На прашањето дали тоа значи дека доколку во Албанија не се постигне некаков компромис, Северна Македонија ќе може да ги отвори преговорите со ЕУ, одговара дека нивниот став отсекогаш е дека секој одделен процес, односно преговорите за проширување, се процес кој се базира врз заслуги и постигнувања на секоја одделна земја. 

„Нема да биде фер доколку една земја треба да чека некоја друга, ако таа не испорачува. Тоа е основата. Секако, би било идеално, кога сите шест земји од Западниот Балкан се приклучат во исто време, но тоа е нереално. Истовремено, неправедно е некој, кој силно се ангажирал, кој изнаоѓал решенија, кој е подготвен на компромис, кој донесува тешки одлуки, сега да биде казнет, затоа што е подобар”, вели еврокомесарот.

Тој, како што вели, ќе се обидува до последен момент, колку што е можно побрзо да се донесе одлуката почетокот на преговорите да се најде на дневен ред на Европскиот совет.

„Сметам дека по тоа прашање ние си должиме себеси, но и на нашите партнери, кога партнерот ќе испорача како што договорил со нас, а од друга страна и ние сме го предложиле тоа како услов, врз основа на едногласна одлука на земјите-членки, тогаш мораме и ние нашето ветување да го испочитуваме”, вели Хан. 

 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе