Подгорица

Хан: Реален и жив е европскиот пат за Западен Балкан

Северна Македонија и Албанија заслужуваат отворање на преговорите за членство во ЕУ, вели во интервју за црногорскиот весник „Вијести" еврокомесарот Јоханес Хан, кој наскоро го напушта ресорот проширување и добрососедска политика во ЕК.

Северна Македонија, смета Хан, направи значителен напредок, а најзначајно е потпишувањето на Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција.

„Преспанскиот договор со кој беше ставен крај на долгогодишниот спор за името е нешто што треба да биде вклучено во книгите по историја. Кога ја презедов фунцијата државата беше сред политичка криза чие решавање бараше години и бројни патувања во Скопје. Почнавме со изјава дека нема да има проширување на ЕУ, а сега пет години подоцна оставаме реален и жив европски пат за Западен Балкан“, вели еврокомесарот Хан во интервјуто.

ЕУ, додава Хан, ќе продолжи да се залага за европска интеграција на регионот, не поради човекот што ќе го води ресорот за проширување, туку поради јасниот интерес на Европската Унија.

Јоханес Хан ќе остане еврокомесар и во новиот состав на ЕК, но ќе биде задолжен за буџет и администрација. Ресорот проширување и добрососедска политика треба да го преземе досегашниот министер за правда на Унгарија Ласло Трошани.

МИА

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе