За Агенција Европа

Хан предупредува: Одлагањето на преговорите со Македонија може да има драматични последици

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за Агенција Европа ги предупредува земјите членки на ЕУ дека повторно одлагање на преговорите за Македонија и за Албанија би можело да има „драматични последици” за целиот регион.

По пораките од Париз дека земјата останува резервирана за отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија во јуни годинава, Хан предупредува дека во прашање е кредибилитетот на ЕУ и стабилноста на регионот, пренесува МИА од Брисел.

„Се работи за кредибилитетот на ЕУ, земјите членки сами го одредија јуни 2019 како датум за одлуката за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, одлагањето би можело да има драматичен импакт врз целиот регион”, вели Хан.

Тој потсетува дека Македонија веќе десет години чека старт на овие преговори, блокирани поради спорот со Грција.

„Сега кога овој проблем е решен благодарение на политичката храброст и одлучност на двајцата лидери и кога констатираме одличен напредок во внатрешните реформи, би било многу разочарувачки ако отворањето на пристапните преговори повторно се одложи”, изјави Хан и додава дека е уверен дека земјите членки ќе ја донесат „вистинската одлука” како за Северна Македонија, така и за Албанија која, според него, исто така бележи добар реформски напредок, посебно во правосудството.

Хан, нема да присуствува на неформалниот самит во Берлин в понеделник посветен на Балканот, затоа што проширувањето не е на агендата, но предупредува дека ЕУ, и посебно скептичните земји, треба да внимаваат да не ја запостават оваа политика кон регионот.

„Ги поздравувам напорите на претседателот Макрон да ја зајакне надворешната и безбедносната политика на ЕУ, но тоа треба да започне со нашето соседство, западниот Балкан, посебно пред конкуренти како Русија, Кина и Турција кои не се заинтересирани на европските вредности и норми”, вели Хан.

Тој е „убеден” дека шефот на француската држава се согласува дека „не е во геостратешкиот интерес на ЕУ да се остави Балкан на други актери”.

„Но овој геостратешки ангажман ќе функционира само ако земјите членки, вклучувајќи ја и Франција, ја потврдат европската перспектива и ги признаат индивидуалните заслуги на земјите”, додава комесарот во интервјуто.

Франција и Германија в понеделник сакаат на земјите од регионот да им го покажат сопствениот пример на помирување и надминување на споровите, но еврокомесарот Хан потсетува дека постои друг скорешен и локален пример.

„Имаме понов пример кој доаѓа од самиот регион: Северна Македонија и Грција. Овие две земји успеаја заедно да го решат спорот за името кој тежеше врз нивните билатерални односи три децении, ова е историски успех кој на целиот регион испраќа сигнал дека дури и долгогодишните спорови можат да се надминат”, вели Хан за Агенција Европа.

 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе