ПО ВТОРАТА МАРАТОНСКА СРЕДБА ВО ПРЖИНО

Хан: Потпишан е договор за предвремени избори!

„Имаме договор, потпишан од лидерите, задоволен сум од тоа што се постигна, со ова ќе се отворат вратите на земјата за ЕУ и НАТО-интеграциитe. Треба да сме горди на лидерите“, рече еврокомесарот Јоханес Хан по маратонската средба во резиденцијата на ЕУ. Неофицијално, во Пржино е договорено од 15 октомври да се формира преодна Влада, а опозицијата да се врати во Парламентот. 

Исто така, според првичните информации, договорено е  министерствата за внатрешни работи, труд и социјала да му припаднат на СДСМ, од 15 септември да се избере нов независен јавен обвинител, а Груевски да се повлече од функцијата по Нова година, со што би се оставило простор и време за организирање предвремени избори.

Наскоро целосен извештај од лидерската средба. 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе