БРИСЕЛ

Хан: Очекуваме Иванов да му го даде мандатот на кандидатот што има мнозинство

Откако се собраа доволно потписи, ние ги чекаме следните чекори. Очекуваме претседателот мандатот за состав на следната влада да му го даде на кандидатот од партиите што има мнозинство во Собранието, во согласност со Уставот, се вели во изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан објавена на сајтот на Европската Унија.

„Промените во демократските општества се природни и треба да бидат добредојдени кога се резултат на кредибилни избори. Прифаќањето и почитувањето на изборните резултати и правото на лидерите да се обидат да формираат влада е знак на зрела демократија. За опструирање и потценување на ваквите напори нема место во еден демократски процес. Затоа очекуваме од сите партии да ги почитуваат демократските принципи и стандарди и да се вклучат конструктивно и да целат кон наоѓање основа за соработување наместо за можности да се потценат едни со други. Ваквиот пристап ја одведе земјата во криза. Мора да го избегнуваат сите, без разлика дали се работи за власта или опозицијата. И двете, власта и опозицијата, имаат улога и релевантност во функционирањето на една демократија и двете можат да ја обликуваат иднината на земјата“, порача еврокомесарот Хан.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе