Хан му ја честита победата на Пендаровски

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски. 

„Честитки до Стево Пендаровски за неговиот избор за претседател на Република Северна Македонија, со нетрпение очекувам континуирана соработка за ЕУ агендата во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот кои го отворија патот кон старт на преговорите за членство во јуни”, напиша Хан на Твитер.

Хан додаде дека земјава може да смета на континуираната поддршка од ЕУ за европската перспектива на земјата, согласно аспирациите на народот.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе